После катастрофалната сезона со само еден трофеј и тоа во англискиот Супер куп, Манчестер сити е во потрага по засилувања кои сака да ги ангажира уште пред почетокот на Светското клупско првенство, па Пеп Гвардиола ќе може да ги има на располагање целото лето и да ги подготвува за новата сезона.
Се чини дека прво засилување за „граѓаните“ ќе биде фудбалерот од средниот ред на Милан, Тијани Рејндерс, кој беше прогласен за најдобар во Серија А на неговата позиција.
Раководствата ги имаат договорено сите услови, а истото го има сторено и фудбалерот, па сега се чека само официјална промоција. Трансферот би изнесувал 65 милиони евра, а Милан го купи Холанѓанецот пред само две години за 20,5 милиони евра од АЗ Алкмар.