Еден од приоритетите на Манчестер сити на летниот трансфер-пазар ќе биде засилување на позицијата лев бек, а во таа насока новиот спортски директор Уго Вијана веќе идентификувал двајца потенцијални кандидати. Едниот е одамна познат, Андреа Камбијасо од Јувентус, а новата цел е Дестини Удоџи од Тотенхем.
Удоџи има долгорочен договор со Тотенхем до јуни 2030 година и неговата вредност се проценува на околу 45 милиони евра. Италијанскиот репрезентативец ја игра својата втора сезона во клубот од Лондон по трансферот од Удинезе.
Сепак, евентуален договор со Тотенхем нема да биде лесен бидејќи играчот се смета за важен дел од тимот и клубот не е подготвен лесно да се откаже од него.
Досега оваа сезона Удоџи има 29 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања.