Актуелниот европски и англиски шампион, Манчестер сити го реализира првиот трансфер во зимскиот преоден рок кој официјално започна денеска.
Аргентинецот Клаудио Ечевери и официјално потпиша за Манчестер сити, но по истиот рецепт како и Хулијан Алварес кога потпиша пред две години, ќе остане на позајмица во Ривер плата до крајот на 2024 година.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1741527864783020173
Ечевери се смета за најдобар млад фудбалер во Аргентина, роден е во 2006 година и беше капитен на репрезентацијара до 17 години на Светското првенство кое неодамна се одржа во Индонезија.
Граѓаните за младиот играч од средниот ред платија 20 милиони евра плус дополнителни бонуси.