Португалскиот интернационалец, Матеус Нуњес, во 2023 година се пресели од Вулверхемптон во Манчестер сити за 62 милиони евра, но иако се очекуваше да биде големо засилување, тој или му беше резерва на Родри или играше на десен бек.
До сега собра 57 настапи, а на тревникот мина само 3.079 минути, што за него е далеку од она што го очекуваше, па сега најави дека сака да си замине, иако има договор до 2028 година, но најави и каде сака да игра.
„Секако дека сакам да се вратам во Спортинг Лисабон, сум го кажал тоа многупати. Мислам дека навивачите тоа го знаат. Освен тоа, љубовта која ја почувствував после мечот од Лигата на шампионите … Веќе се враќав на тој стадион. Бев вознемирен од поразот, но не можам да ја објаснам љубовта која ја чувствував.“ – рече Нуњес.
26-годишниот португалски репрезентативец првите сениорски чекори ги направи токму во Спортинг Лисабон, а во 2022 година беше продаден на Вулверхемптон за 47.4 милиони евра.