Манчестер сити забележа многу важна победа во трката за место кое води во Лига на шампиони за следната сезона, откако со 3:1 на свој терен го победи Борнмут. Уште во првото полувреме Сити постигна два гола и потоа до крајот рутински не само што ја сочува предноста туку постигна и трет гол за три важни бода, во пресрет на последното коло.
Со оваа победа Сити сега има 68 бодови и се искачи на третото место на табелата, но уште не е стоосто сигурен патник во ЛШ за следната сезона. Њукасл е четврти со 66 бодови, а толку имаат и Челзи и Астон вила на петото и шестото место. Со свои калкулации е и Нотингем кој е седмопласиран со 65 бодови.
Во 14 минута Омар Мармуш изведе „магија“, откако успеа да постигне гол со шут од 35 метри. Египетскиот голгетер погоди токму во небранетиот простор за голема радост на фановите на Сити. Фантастичниот погодок на Мармуш може да го видите ТУКА.
Бернардо Силва зголеми на 2:0 во 38 минута по одличното додавање на Илкај Гундоган. Овој погодок на Силва може да го видите ТУКА.
Во вториот дел играта спласна, а во финишот на средбата, гол даде и Нико Гонзалес за 3:0, а гостите постигнаа почесен погодок буквално во последните секунди од мечот.
Во вториот меч кој се игра вечерва, Кристал Палас на свој терен со 4:2 го победи Вулверхемптон.