Манчестер сити го „притиска“ Гвардиола: Ќе останеш или ќе си одиш?

Раководството на Манчестер сити испратило официјално барање до менаџерот Пеп Гвардиола во врска со неговата иднина и дали планира да го испочитува договорот до крај. Управата на клубот, предводена од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште нема јасна слика за намерите на каталонскиот стратег.

Очекувањата биле Гвардиола да даде појасна насока за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случило.

На „Етихад“ сакаат што поскоро одговор бидејќи позицијата на Гвардиола е клучна за планирањето на идната селекција и стратегијата на тимот. Една од главните трансфер цели е Елиот Андерсон од Нотингам форест, а токму одлуката на Пеп дали ќе остане ќе влијае врз евентуалниот трансфер.

Раководството на Граѓаните е подготвено за различни сценарија. Во клубот се надеваат дека шпанскиот менаџер ќе остане до истекот на договорот во 2027 година, но засега не е сигурно дали и самиот тој има такви планови. Досега, Гвардиола има освоено 19 трофеи со Манчестер сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лига и една во Лигата на шампионите.

Доколку Гвардиола одлучи да замине по крајот на сезоната, на „Етихад“ веќе имаат неколку потенцијални наследници. Меѓу нив се поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, стратегот на Баерн Минхен и поранешен капитен на Сити, Венсан Компани, како и Чаби Алонсо, кој се поврзува со Ливерпул, и новиот тренер на Тотенхем, Роберто де Ѕерби.

- Оглас -

Најнови вести