15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Манчестер сити го продаде голманот на младинците за 22 милиони евра!

Голманот на младинската екипа на Манчестер сити, Џејмс Трафорд, од следната сезона ќе биде нов чувар на мрежата на премиерлигашот Барнли. Вкупната вредност на трансферот е 22 милиони евра, а Граѓаните ќе имаат и 20% од неговиот следен трансфер, но и приоритет да го откупат и да го вратат во Манчестер.

Дваесетгодишниот Трафорд досега беше дел од младинските екипи на Сити до 21 и 23 години, а беше на позајмица во Болтон и Акрингтон.

Младиот голман е стандарден и на голот на англиската репрезентација до 21 година.

 

- Оглас -

Најнови вести