Манчестер сити чекори кон нов трофеј. Граѓаните со рутинирана победа од 2-0 над Нотингем Форест на „Вембли“ си обезбедија место во финалето на ФА Купот, каде ги очекува Кристал Палас.
Тимот на Пеп Гвардиола започна фуриозно, само што почна натпреварот, веќе се тресеше мрежата. Во втората минута, Матео Ковачиќ мајсторски го проигра Рико Луис, кој осамен од 20 метри, со прецизен удар донесе рано водство за Сити.
Иако имаа уште неколку шанси, резултатот остана непроменет до паузата. Но, како што започнаа, така и продолжија. Во 51-та минута, Јошко Гвардиол со атлетски скок по корнерот на Омар Мармуш погоди за 2-0, визирајќи го билетот за финалето.
До крајот, Манчестер сити без поголеми возбудувања ја контролираше играта и го приведе мечот кон сигурна победа. Финалето е закажано – Граѓаните против Кристал Палас, во борба за нов трофеј на англиската сцена.