Манчестер сити го „украде“ фудбалерот кој сезонава блеска во Шпанија

Манчестер сити започна да го составува тимот за следната сезона и веќе го договори првото засилување. Граѓаните во своите редови го привлекоа фудбалерот кој сезонава блеска во дресот на тимот кој е најпријатно изненадување во Шпанија.

Бразилецот Савио Мореира, кој има само 19 години, сезонава игра за Жирона, и тоа како позајмен играч од францускиот второлигаш Троја. Савио сигурно нема да се врати во Троја затоа што го комплетира договорот со англискиот првак Сити.

За тинејџерот се интересираа неколку големи клубови од Европа, но тој се одлучи за Сити. Савио сезонава игра одлично и во 27 меча за Жирона во сите натпреварувања има дадено седум гола, а има исто толку асистенции. Брзината, одличната техника и младоста се главните адути на овој играч кој во иднина ќе треба да се докаже и во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести