Манчестер сити и Арсенал ќе му се доближат на Ливерпул

3004 Салернитана – Монца (18.00 часот)

Монца е во фина серија без пораз, во последните четири кола има по две победи и ремија, па нема грижи околу опстанокот. За разлика од нив, Салернитана е последна на табелата, без реални шанси да опстане во Серија А, имаат само две победи во 25-те досегашни кола. Во просек, Монца дава по еден, а Салернирана прима по два гола на меч. Гостите се благи фаворити, а ќе го немаат Папу Гомес кој е суспендиран. Салернитана три месеци не знае за победа дома.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.16)

 

1005 Борнмут – Манчестер сити (18.30 часот)

Сити има прилика со победа да се доближи на еден бод негатива зад лидерот Ливерпул. Борнмут е во криза, има серија од шест кола по ред без триумф, но на осум бодови е над „црвената линија“ под која се оди во Чемпионшип. Последната премиерлигашка победа на Борнмут беше во декември. Првакот во претходните две кола даваше само по еден гол, денеска би требало да заигра поефикасно. Граѓаните во ноември го поразија Борнмут со 6-1, а во минатата сезона двапати даваа по четири гола против овој тим.

Предлог тип: 2 & 2+ второ (2.08)

 

1806 Баерн – Лајпциг (18.30 часот)

Елмас има прилика првпат во дресот на Лајпциг да игра против големиот Баерн. Ако се смета и ЛШ, Баварците имаат три порази по ред, и нов кикс за нив може да значи збогување со титулата. Лајпциг освои седум бода во последните три кола и се бори за место во ЛШ, а на пет лигашки  мечеви по ред дава барем два гола. Баерн е најефикасен тим во Бундеслигата, и ќе има мотиви против Лајпциг од кој летоска загуби во суперкупот на Германија, а потоа одиграа 2-2 во лигашкиот меч.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.90)

 

1006 Арсенал – Њукасл (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои имаат дадено над 50 голови во 25 кола сезонава. После очајното издание против Порто во ЛШ, Арсенал треба да остави подобар впечаток кај своите навивачи во дуелот со Њукасл. Арсенал има пет победи по ред, уште е во игра за титулата, но мора да го добие и овој меч, со што би дошле на минус два од Ливерпул. Чавките се осми на табелата, четири кола по ред не знаат за пораз, последен што ги совлада беше Манчестер сити. Последните шест меѓусебни дуели има завршија со 0-2 гола, есеноска беше 1-0 за Њукасл, тоа е еден од само четирите порази на Топчиите сезонава.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

 

1305 Алмерија – Атлетико Мадрид (21.00 часот)

Алмерија е единствен тим во топ 5 лигите кој нема победа сезонава, заглавена е на дното на шпанската лига со 8 бода од 25 кола, но знаат да бидат незгодни ако ги потцените. Атлетико е тим со најмалку ремија во Ла Лига, се борат за место во ЛШ и не смеат да си дозволат да не победат. На листата на повредени е Гризман, но Атлетико има капацитет да го преброди тој хендикеп. Последните две меѓусебни средби на овие тимови завршуваа со побда на Јорганџиите од 2-1.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (2.12)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести