Манчестер сити сериозно се вклучува во трката за потписот на Флоријан Вирц, 22-годишниот талентиран играч на Баер Леверкузен, пишува „Билд“. Иако Баерн Минхен имал начелен договор со Вирц за личните услови, клубот од Леверкузен повеќе би сакал да го продаде во странство за да не го зајакне директниот ривал од Бундеслигата.
Манчестер сити понудил износ меѓу 120 и 150 милиони евра, што одговара на очекувањата на Баер Леверкузен. Вирц го гледаат како наследник на Кевин де Бројне, кој ќе го напушти клубот ова лето. Се вели дека Пеп Гвардиола лично е вклучен во преговорите и го гледа Вирц како идеален за неговиот стил на игра.
Баерн наводно нуди подобри лични услови за Вирц, но Сити има предност поради тоа што не е домашен ривал, а Баер Леверкузен е подготвен на попуст во таков случај. Интерес покажале и Реал Мадрид и Арсенал, но Манчестер сити моментно е најконкретен и најблиску до договор.