Манчестер сити и ПСЖ не знаат да играат нерешено

6001 Манчестер сити – ПСЖ (21.00 часот)

Граѓаните славеа со 2-1 во Париз и имаат одлична шанса за првпат да играат финале во најсилното клупско натпреварување во Европа, но работата е далеку од завршена. Светците сезонава подобро играат на гости, тоа го докажаа со победите во Барселона и Минхен. Ова се два тима кои ептен ретко играат нерешено, а сега Сити, кој уште нема нерешен меч во 2021 година, со две раце би потпишал реми. ПСЖ двапати гостувал на „Етихад“ и нема дадено гол, но тоа беа мечеви пред да дојдат Нејмар, Мбапе, Икарди. ПСЖ може да даде два гола, но тешко дека нема ни да прими.

Предлог тип: Х кога било (1.97)

 

1931 Арау – Луцерн (17.30 часот)

Ова е меч од полуфиналето на Швајцарскиот куп и се игра само еден меч. Луцерн е во добра форма и важи за благ фаворит, бидејќи станува збор за тим кој се натпреварува во Супер лигата, додека Арау е во Челинџ лигата. И традицијата на меѓусебните дуели е на страна на гостите, но овие тимови официјален меч не играле меѓу себе веќе четири години. Последната победа на Арау дома против Луцерн беше во 2013 година.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

1011 Лутон – Ротерам (20.00 часот)

Лутон е во златната средина на табелата, нема да испадне, ниту да се бори за место во Премиер лигата и има серија од шест меча по ред без пораз. Од друга страна, на Ротерам му гори под нозе, трети се од долу и ако останат таму, ќе испаднат во Лига 1, што за нив не е посакувано сценарио и мора да пробаат да победат за да го стигнат Дерби. Ротерам освои само еден бод во последните пет кола, тие се тим со најмногу порази во Чемпионшип.

Предлог тип: 0-2 гола (1.97)

 

1822 Ханза Росток – Инголштад (19.00 часот)

Станува збор за дерби во третата германска лига, двата тима се борат за влез во Цвајта. Ханза е на делба на првото место, но има само два бода повеќе од третиот Инголштад, на четири кола до крајот на сезоната. Ханза дома игра променливо во последно време, а и Инголштад не блеска на гостувањата. Двата тима победија со 3-2 во минатото коло, а во декември Инголштад ја совлада Ханза со 1-0.

Предлог тип: 1-2 гола (1.95)

 

8413 Армани Милано – Баерн Минхен (20.45 часот)

Досега во четирите меча од четвртфиналето на плејофот во кошаркарската Евролига секогаш победуваше тимот кој имаше улога на домаќин. Првите два меча ги добија Манекените (еднаш со еден и еднаш со 11 поени разлика), кои и оваа мајсторка ја играат во своја сала, а во Минхен двапати по ред (еднаш со шест и еднаш со четири поени разлика) победуваше германскиот тим. Крилото Нихад Ѓедовиќ е неизвесен кај Баварците. Милано дома има серија од четири победи по ред против Баерн, но ова е најважен меч, победникот оди на фајнал-форот, кој се игра во Германија, и тоа е мотив за гостите.

Предлог тип: <157.50 (1.62)

- Оглас -

Најнови вести