Манчестер сити им се врати на старите навики, киксна против Кристал палас! (Видео)

Манчестер сити откако во претходното коло го победи Нотингем форест со 3-0 на домашен терен, повторно се врати на старите навики и киксна на гостувањето кај Кристал палас.

Актуелниот шампион на Англија, одигра само 2-2, но не само тоа, туку и се спасуваше од пораз, бидејќи двапати имаше негатива. Домашните дојдоа во водство уште во четвртата минута преку Даниел Муњос.

На 1-1 израмни Ерлинг Халанд во 30-тата минута, но кога се очекуваше пресврт, нов шок за избраниците на Пеп Гвардиола. Лакро во 57-мата минута носи ново водство за Кристал палас, а Рико Луис во 68-мата минута ги спаси „граѓаните“ од пораз и израмни на 2-2. Истиот фудбалер во 84-тата минута заработи исклучување, откако главниот судија му го покажа и вториот жолт картон.

Манчестер сити останува на четвртата позиција на табелата со 27 бода. Пред нив се Ливерпул (35), Челзи (28) и Арсенал (28), но сите три екипи имаат по еден натпревар помалку.

Резултати:

Астон вила – Саутемптон 1-0
Брентфорд – Њукасл 4-2
Кристал палас – Манчестер сити 2-2

- Оглас -

Најнови вести