Манчестер сити има 14 победи по ред, „ќе грми“ на новиот стадион на Тотенхем

Ливерпул – Порто (21 ч.)

Според многумина, Порто е најслабиот тим што остана во борба за трофејот во ЛШ. Ливерпул играше против овој ривал минатата сезона во осминафиналето и на гости славеше со убедлива победа од 5-0. Нападот на „црвените“ е истиот од лани. Мане тогаш даде хет-трик, а по еднаш погодија Кутињо и Салах. Вечерва повторно тие тројца ќе бидат во офанзивниот ред на домаќините.

Тимот на Јирген Клоп е во одлична форма и во последните 14 средби во сите натпреварувања има девет победи и четири нерешени. Порто треба да биде среќен ако загуби минимално, бидејќи во шесте меча против овој ривал нема ниту една победа (три порази и три ремија), а има постигнато само два гола.

Предлог тип: 1&3-5 (2.30) – Квота на денот во Sport Life

 

Тотенхем – Манчестер сити (21 ч.)

Дуел на две екипи кои одлично се познаваат, но сега играат за многу поголем влог од средба во Премиер лигата. Двата клуба никогаш не играле ниту во финале на елитното натпреварување на УЕФА, па тоа е мотив повеќе да дадат максимум.

Сити е безмилосен и има 14 победи во низа во сите натпреварувања, а Тотенхем игра многу променливо. „Граѓаните“ ги добија последните четири меѓусебни средби, а Тотенхем последен пат се радувал во октомври 2016 година. Мотив за домаќините ќе биде тоа што играат на новиот стадион и атмосферата сигурно ќе биде феноменална.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.15) – Квота на денот во Sport Life

 

 

Престон – Лидс (20:45 ч.)

Лидс, каде што игра македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, води „мртва трка“ со Шефилд вензди за второто место на табелата, кое директно води во Премиер лигата. Со два порази во последните три меча, Лидс ја загуби посакуваната позиција и веќе нема право на грешка.

Престон има свои калкулации бидејќи уште се надева на освојување на шестото место, иако заостанува пет бода зад Бристол. Лидс на гости победи 10 пати во 20 меча, а Престон има само седум триумфи пред своите фанови, но дури девет нерешени. Гостите се фаворити, но двознак е за посигурна варијанта.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.15) – Квота на денот во Sport Life

 

Рен – Ним (19 ч.)

Во денот кога фокусот е на мечевите од ЛШ, се игра и еден дуел од топ 5 лигите. Во Франција има „дерби“ за 10-тото место. Двете екипи се познати по тоа дека играат офанзивно и не обрнуваат многу внимание во одбраната, што е помалку чудно за Франција.

На последните 10 меча на Ним, секогаш има барем по два гола, додека Рен може да се пофали дека кога тој игра, на 14 од последните 15 дуели имало најмалку два погодока. Есеноска нивниот дуел заврши со победа на Рен од 4-0, што е уште еден факт дека треба да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)

 

Блекбурн – Дерби (20:45 ч.)

Меч кој има многу поголемо значење за гостите. Блекбурн е сигурен на средината од табелата, додека Дерби се бори за шестото место, кое води во плејофот за пласман во Премиер лигата. Формата на Блекбурн е очајна, бидејќи тимот загуби девет пати во последните 11 меча, а го победи само Виган.

Дерби пет дуели по ред е без пораз, но факт е дека има само две победи во последните 10 натпревари. Последните шест меѓусебни средби се од 0-2 гола, па за храбрите препорачуваме средба без победник.

Предлог тип: Х (3.30)

 

- Оглас -

Најнови вести