31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Манчестер сити има ангажирано четворица астрофизичари за да се подобри играта на тимот

Манчестер сити победи на 25 од последните 26 меча и тимот е во трка за четири трофеи сезонава. Никогаш, ниту еден англиски клуб не успеал да освои четири пехари во една сезона, па екипата на Пеп Гвардиола ќе се обиде да испише историја.

Дека во клубот ништо не се остава на случајноста и дека се гледа на секој можен начин да се подобри играта на тимот, потврдува и фактот дека во Манчестер сити се ангажирани четворица астрофизичари кои имаат посебно важна задача. Четворицата стручњаци имаат за задача да соберат информации кои се важни за фудбалерите.

Тие треба да ги следат акциите на играчите и тоа низ 3Д технологија која користи поголем број на камери, за да се подобри перформансот на оние кои се на теренот. Во пресрет на клучниот дел од сезоната, тренерот Гвардиола верува дека неговите фудбалери ќе играат уште подобро и дека може да се испише историја во англискиот фудбал.

Сити е на прагот за освојување на титулата во Премиер лигата, игра во финалето на Лига Купот против Тотенхем, а е дел и од полуфиналето во ФА Купот против Челзи. Граѓаните играат и во четвртфиналето од Лигата на шампиони каде противник ќе им биде Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести