14.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Манчестер сити има нова цел за летниот преоден рок, ќе го сруши светскиот рекорд!

Манчестер сити на голема врата се врати во борбата за титулата во Премиер лигата, а Пеп Гвардиола и раководството на клубот веќе се подготвуваат за летниот преоден рок.

Каталонецот сака нов бек во својата екипа, а изборот падна на десниот бек на Њукасл, Тино Ливраменто. Неговата вредност во моментов е 40 милиони евра, но Страчките за да го продадат, бараат двојно повеќе, односно 80 милиони евра.

Оваа сума, според информациите од Островот, е прифатлива за раководството на Граѓаните, па Манчестер сити доколку го купи Ливраменто, ќе го сруши светскиот рекорд за најскап бек во историјата.

Рекордот во моментов го држи Аштраф Хакими, за кого ПСЖ му плати 70 милиони евра на Интер во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести