Манчестер сити, Интер и Галатасарај ќе победат, неизвесно на мечевите на кои играат германски екипи

6018 Манчестер сити – Спарта Прага (21 ч.)

Нема дилема дека Манчестер сити е огромен фаворит за победа и вистинско чудо ќе биде ако Граѓаните не ги освоијат трите бода. Спарта Прага одлично започна и има четири бода од првите две кола, па гостите од Чешка нема што да загубат на ова гостување.

Сити сигурно ќе започне офанзивно, а фактот дека во оваа групна фаза секој гол може да биде значаен, може да се очекува многу погодоци.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.20)

 

6014 Лајпциг – Ливерпул (21 ч.)

Два тима кои имаат сосема различен старт во ЛШ. Лајпциг претрпе два порази, а Ливерпул има максимални шест бода. Германскиот тим ако и сега загуби, ќе има минимални шанси да се надева на место кое води во следната фаза од Лигата на шампиони, што значи дека Лајпциг треба да нападне.

Ливерпул е лидер и во Премиер лигата што само покажува за квалитетот со кој располага. Двата тима играат атрактивен, отворен фудбал, без многу калкулации и се очекува да погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.74)

 

6021 Галатасарај – Елфсборг (16:30 ч.)

Турскиот гигант на свој терен е фаворит и против многу посилни и поатрактивни ривали од Елфсборг, но шведскиот тим во претходното коло ја победи Рома, што само е знак дека може да изненади.

Во последните девет меча, Галатасарај има седум победи и две реми и во просек овој тим постигнува по три погодоци. Елфсборг ги загуби последните два дуели во првенството, во кои прими дури седум гола, што не е добар знак за гостите.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.22)

 

6010 Брест – Баер Леверкузен (18:45 ч.)

Делува неверојатно, но Брест има перфектни шест бода по првите две кола во Лигата на шампиони, исто како и Баер Леверкузен. Токму затоа овој дуел е еден вид на дерби, барем кога се работи за највисок пласман на табелата.

Ифанзивна игра негуваат двата тима и можеби најдобро е тука да се одигра на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

6015 Јанг Бојс – Интер (21 ч.)

Италијанскиот првак Интер сигурно е еден од главните фаворити за да биде во Топ 8 на табелата. Затоа Нераѕурите едноставно не смее да кикснуваат на вакви гостувања.

Јанг Бојс во првите две кола претрпе два убедливи пораз и има гол разлика од 0-8. Пред еден месец јанг Бојс загуби дома од Астон вила, па сега и тимот од Милано треба да се радува на триумф.

Предлог тип: 2-2&2-4 (3.10)

- Оглас -

Најнови вести