Манчестер сити изненади со понуда за еден од најдобрите фудбалери на Јувентус

Манчестер сити се подготвува да поднесе понуда за фудбалерот на Јувентус, Андреа Камбијасо, и е подготвен да издвои сериозна сума за негов ангажман. Дваесет и четиригодишниот лев бек, кој е клучен играч во тимот на Тијаго Мота, пропушти само еден натпревар од Серија А оваа сезона.

Според „Скај Италија“, Манчестер сити е подготвен да понуди 60 милиони евра за да ги убеди Бјанконерите да се разделат со Камбијасо. Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Јувентус бара 80 милиони евра бидејќи ќе мора брзо да пронајде квалитетна замена за играчот.

Интерес за Камбијасо покажува и Баерн Минхен, кој го гледа како потенцијален наследник на Алфонсо Дејвис, кој би можело да замине како слободен играч следното лето.

Граѓаните се многу активни во јануарскиот трансфер-период. Тие се блиску до ангажирање двајца дефанзивци, бразилскиот тинејџер Витор Реис и 20-годишниот Абдукодир Хусанов од Ленс, чии потписи ќе ги чинат околу 75 милиони евра.

Исто така, Манчестер сити продолжува со преговори за напаѓачот на Ајнтрахт, Омар Мармуш. Од друга страна, се очекува Кајл Вокер да го напушти клубот до крајот на месецот и најверојатно ќе се пресели во Милан.

- Оглас -

Најнови вести