Манчестер сити немаше милост за Ал-Аин и победи со убедливи 6-0, со што му се придружи на Јувентус во осминафиналето од Светското клупско првенство. Оваа група и дефинитивно е решена бидејќи и Граѓаните и Старата дама имаат по максимални шест бода и во последното коло ќе решаваат само за првата позиција на табелата.
Гундоган беше стрелец на два гола за Манчестер сити, додека по еднаш погодија Ечевери, Халанд, Боб и Шерки.
Ал-Хилал и Салцбург одиграа нерешено, 0-0, и дополнително ја комплицираа групата во која уште се и Реал Мадрид и Пачука. Патниците во следната фаза ќе се решаваат во последното коло, со оглед на тоа дека Кралевите и Салцбург имаат по четири бода, но играат меѓу себе во третото коло, додека Ал-Хилал со два бода и евентуална победа над Пачука ќе дојде до второто место на табелата.