Манчестер сити ја прекина серијата од четири меча без победа во Премиер лигата откако денеска со 1:2 славеше на гостувањето кај Лутон.
Граѓаните до победата дојдоа многу потешко од очекувањата на нивните навивачи, играјќи без Халанд, а притоа губеа и по првото полувреме.
Но, во вториот дел за само три минути, Сити постигна два гола и дојде до победата и сега има 33 бода за четврто место на табелата, четири помалку од лидерот Ливерпул.
Лутон поведе со голот на Адебајо во последните моменти од првото полувреме, но немаше сили да направи чудо.
Граѓаните за само три минути успеаја да постигнат два гола, и тоа преку Бернардо Силва во 62-та и Џек Грилиш во 65-та минута.
Во лондонската пресметка, Фулам го декласира Вест хем со 5:0 и ја оствари втората победа по ред во Премиер лигата.
Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме во кое Фулам водеше со 3:0. Резултатот го отвори Раул Хименес во 22-та минута. Интересно е што следните два гола беа постигнати на девет минути.
Прво, Вилијам зголеми на 2:0 во 31-та минута, а потоа во 40-та и Адарабиојо се запиша во листата на стрелци.
Во второто полувреме, печат на убедливата победа на Фулам ставија Хари Вилсон со голот во 60-та и Карлос Винисиус во 89-та минута.
Евертон дојде до третата победа по ред во Премиер лигата, и по триумфот над Њукасл во претходното коло, сега славеше над уште еден фаворит.
Карамелите со 2:0 го совладаа Челси почнаа да бегаат од дното на табелата.
Абдулаје Дукуре во 54-та минута го отвори резултатот, а победата ја завери Добин со голот во судиското продолжение.
Евертон сега има 13 бода, пет повеќе од последнопласираните Барнли и Шефилд јунајтед.