Актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити, е казнет со два милиони фунти за прекршување на правило во Премиер лигата, за кое ретко кој знае и дека воопшто постои. Се работи за доцнење на фудбалерите на стартот од натпреварот или почетокот од второто полувреме и тоа во 22 наврати во претходните две сезони од страна на „граѓаните“.
„Правилото кое се однесува на почетокот на натпреварот и на второто полувреме помага на организацијата на натпреварувањето да постави највисоки можни професионални стандарди и да им обезбеди сигурност на навивачите и клубовите кои учествуваат. Исто така, овозможува преносите од сите 380 натпревари ширум светот да се одржуваат по распоредот.“ – се вели во соопштението на Премиер лигата.
Од Манчестер сити ја прифатиле казната и се извиниле за доцнењето и најавиле дека ќе ги опоменат фудбалерите и официјалните лица тоа да не се случува во иднина. Колку за пример, почетокот на второто полувреме од последниот меч од минатата сезона на Манчестер сити доцнеше две минути и 46 секунди, бидејќи фудбалерите на актуелниот шампион на Англија не беа излезени на теренот.
https://twitter.com/eurofootcom/status/1818673453903266199?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1818673453903266199%7Ctwgr%5E35e349aff7354f65be4341cd40b9017c344b46cd%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fnajludja-kazna-u-historiji-nogometa-city-kaznjen-s-2-5-miliona-eura-zbog-pravila-koje-rijetko-ko-poznaje%2F240731144