24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Манчестер сити ќе го продолжи договорот со Рубен Дијаш

Португалскиот репрезентативец Рубен Дијаш е на чекор до потпишување нов договор со Манчестер сити, и покрај тоа што неговиот актуелен договор важи до јуни 2027 година, пренесуваат британските медиуми.

Иако менаџерот Пеп Гвардиола располага со дури седум стопери, најголема доверба има токму во Дијаш, кој е незаменлив во првиот тим и отсуствува само кога е повреден.

Дијаш пристигна во Сити пред пет години од Бенфика за сума од 70 милиони евра, а досега има одиграно 222 натпревари за англискиот шампион.


Не се открива до кога ќе биде продолжен новиот договор, но се најавува дека ќе добие значително подобрени финансиски услови. Со сегашниот договор заработуваше 11 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести