1111 Фулам – Ливерпул (16.00 часот)
Фулам и Ливерпул освоија по 10 бодови во претходните четири кола, па двата тима се во одлична форма. Тоа се тимови кои ретко играат нерешено, имаат само по три ремија во досегашните 19 кола. Отсуството на Нигеријците Чуквуезе и Ивоби е хендикеп за Фулам, нападот на Црвените е ослабен со неиграњето на Салах и Исак. Фулам и Ливерпул играа нерешено во првиот ден од новата година, последниот премиерлигашки пораз на Ливерпул беше кон крајот на ноември. Во минатата сезона, пресметките на овие два тима беа ефикасни со 4+ погодоци, а Ливерпул ако стана првак, не успеа да го победи Фулам.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)
5636 Мароко – Танзанија (17.00 часот)
Мароко како домаќин на Африканскиот куп на нации, има големи амбиции, имаат и добар тим, па ова осминафинале не би смеело да им биде сериозна пречка. Танзанија влезе во нокаут фазата како третопласирана во својата група, беше зад Нигерија и Тунис. Ремито со Тунис може да им даде самодоверба, а Танзанија на трите средби во групната фаза и даваше и примаше гол. Мароко има прилично цврста одбрана која може да остане несовладана. И тука тешко дека може да има повеќе од три гола.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.88)
1112 Ман. Сити – Челзи (18.30 часот)
Сити со победа над Сините во ова дерби би се вратил на втора позиција. Челзи го смени менаџерот, ќе ги води привремен тренер и сега се чека реакција од фудбалерите. Челзи е отпишан од трка за титулата, максимум им е да се борат за место кое води во Лигата на шампионите. Граѓаните имаат 11 бодови повеќе, а за Челзи ова е прв меч во 2026 година. Каиседо е суспендиран кај Челзи. Традицијата е на страна на домашните, последната победа на Сините на „Етихад“ беше во 2021 година.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.15)
1709 ПСЖ – Париз ФК (20.45 часот)
Ова е прво градско дерби во Париз, соседите првпат ќе играат еден против друг на официјален меч и со тоа ќе се испише историја. Се знае кој е кој, Светците се огромни фаворити според сите показатели. ПСЖ со победа би дошол на бод негатива зад лидерот Ленс. Париз ФК освои само два бода во претходните пет кола и се бори за опстанок, иако уште не е во опасната зона на табелата. Кај двата тима ќе фалат африкански играчи, особено проблем имаат гостите кои се без петмина.
Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.15)
3629 Интер – Болоња (20.45 часот)
На Интер сигурно не му е пријатно што го гледа Милан пред себе на врвот на Серија А и Нераѕурите сигурно со сите сили ќе се обидат да ја победат Болоња и да избијат на чело. Интер е тим кој уште нема нерешен резултат, а одигра веќе 16 кола. Болоња има две ремија во последните три кола, овој тим четири меча по ред не знае за победа и веќе не е на местата кои водат во Европа. Пред околу две недели, Болоња на пенали го елиминираше Интер од Суперкупот на Италија. Последните два меѓусебни дуели на овие екипи во Милано завршуваа со истиот резултат 2-2, овојпат не типуваме на толкава ефикасност.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

