26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Манчестер сити ќе мора да продаде петмина фудбалери за да избегне казна од УЕФА и од Премиер лигата

Манчестер сити имаше катастрофална сезона во која не освои ниту еден трофеј, па Пеп Гвардиола и новиот спортски директор на Граѓаните, Хуго Вијана, беа активни на трансфер-пазарот и го засилија составот за новата сезона.

Сепак, Сити сега има премногу фудбалери во својот ростер, па ќе мора да продаде најмалку петмина за да ги задоволи правилата на УЕФА и да избегне казна. Правилата во Премиер лигата се различни, па за да ги задоволат, ќе треба да продадат само еден фудбалер.

Раководството на Граѓаните веќе очекува понуди од заинтересираните екипи за Грилиш, Мекати, Филипс и Ортега.

Интерес за Грилиш има од Евертон, а Мекати може да бира помеѓу Нотингам форест и Ајнтрахт Франкфурт. Голманот Ортега веројатно ќе се врати во Бундеслигата, додека Филипс е пред враќање во Лидс јунајтед.

Младиот Бразилец, Витор Реис, е испратен на позајмица во Жирона, а веројатно тоа сценарио ги очекува и Ечевери и Нипан.

- Оглас -

Најнови вести