Раководството на Манчестер сити полека, но сигурно се подготвува за летниот трансфер-период, а веќе почнуваат да излегуваат информации во медиумите на Островот околу можните нови засилувања.
Прв на списокот со желби на Пеп Гвардиола е фудбалерот од средниот ред на Вест хем, Лукас Пакета, кој има актуелен договор со премиерлигашот до 2027 година, а неговата откупна клаузула е 100 милиони евра.
Граѓаните се подготвени да ја платат оваа сума, а според информациите, Бразилецот веќе ги договорил личните услови, останува уште клубовите да се договорат околу висината на обесштетувањето.
Токму Пакета бил голема желба на Гвардиола и минатото лето, но тогаш беше ангажиран Матеус Нуњес од Вулверхемптон.