1124 Манчестер сити – Ливерпул (Премиер лига Англија, 17:30 часот)
Иако има уште да се игра до крајот на сезоната, ова е денот „Д“ за двете екипи. Победникот ќе биде на чекор до освојување до нова титула во Премиер лигата, додека поразениот ќе бара шанса да се „извади“ во Лигата на шампионите.
Манчестер сити веројатно би му одговарало и нерешен резултат, но, Пеп Гвардиола сигурно нема да мисли на такво нешто и ги посакува трите бода против големиот ривал.
На „Етихад“ барем во поблиската историја, домаќините славеле на два од последните три натпревари, а такво нешто очекуваме да видиме и денеска.
Предлог тип: 1 (2.12)
1309 Леванте – Барселона (Ла лига Шпанија, 21:00 часот)
Барселона е во одличен налет ѝ е еден од тимовите кој што е во најдобра форма од топ пет лигите во Европа. Иако на последната средба Каталонците одиграа 1:1 против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа, тоа не ги поремети плановите на Чави, во однос на реваншот каде што ќе бидат огромни фаворити.
Сепак, во меѓувреме ќе треба да одиграат меч против Леванте и Енис Барди и тоа на гостински терен, каде што на последните средби во просек паѓаат по неверојатни 5.4 голови по меч, па затоа такво нешто очекуваме и вечерва.
Предлог тип: 4+ (2.19)
1709 Стразбур – Лион (Лига 1 Франција, 19:00 часот)
Лион мора да победи на оваа средба, доколку сака да остане во било каква трка за пласман во едно од европските натпреварувања.
Францускиот великан во моментов се наоѓа на деветтото место во најсилната француска лига со 45 бода, односно шест помалку од денешниот ривал кој е под број четири.
Стразбур не е екипа за потценување а тоа го покажуваат и добрите резултати, но, гостите имаат подобар и поквалитетен тим кој мора да одигра на победа или може да се „збогува“ со пласман во некое од европските натпреварувања. Освен ако по некое чудо не ја освојат Лигата на Европа.
Предлог тип: 2 (2.95)
3005 Наполи – Фиорентина (Серија А Италија, 15:00 часот)
Тимот на Елиф Елмас ќе ја пречека незгодната екипа на Фиорентина која што сезонава многупати им ги помати сметките на фаворитите за титулата.
Наполи доколку сака да остане рамо до рамо со Интер и Милан едноставно мора да слави на овој меч, кој ќе биде сè освен лесен, бидејќи и гостите доаѓаат со свои пресметки.
Последниот натпревар кој што го одиграа овие две екипи на „Диего Армандо Марадона“ стадионот беше на почетокот од годинава и видовме четири гола, односно по два во двете мрежи. На крајот Фиорентина се радуваше на пласман понатаму во Купот на Италија, по подобро изведување на пеналите.
Предлог тип: ГГ (1.74)
1543 Гимараеш – Порто (Примера лига Португалија, 19:00 часот)
Лидерот во португалскиот шампионат има три бода предност во однос на Спортинг од Лисабон и ако сака да остане во добра бодовна предност, мора да победи на ова гостување.
Впрочем, така е на четири од последните пет средби меѓу овие две екипи кога великанот од „Драгао“ е гостин, а ништо поразлично не се очекува и вечерва.
Три бода за Порто и чекор поблиску до враќање на титулата во своите витрини, откако минатата сезона заврши во редовите на „зелените“ од Лисабон.
Предлог тип: 2 & 2-6 (1.83)