Англискиот премиерлигаш Манчестер сити ја следи ситуацијата околу Марк Гехи од Кристал Палас, јавува „Би-Би-Си“. По повредите на Рубен Дијаш и Јошко Гвардиол во дуелот против Челси од 20-тото коло на Премиер лигата, Граѓаните се подготвуваат да го засилат дефанзивниот ред.
Сè уште нема конечна одлука дали Сити ќе се обиде да го ангажира англискиот стопер од Палас, чиј договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде продолжен. Пеп Гвардиола се обидува да најде наједакватно решение, со оглед дека Манчестер сити е во трка за шампионската титула и мора да ја зголеми конкуренцијата во одбраната.
Ливерпул и Баерн Минхен исто така ја следат ситуацијата и имаат интерес за Гехи, а не е исклучено и Реал Мадрид да тргне по неговиот потпис. Сепак, сите три клуба се подготвени да чекаат до летото, кога ќе можат да го земат без обесштетување.

