Крилата Џек Грилиш и Савињо нема да играат за Манчестер сити во претстојната сезона.
Грилиш, кој е најскапото засилување во историјата на клубот, ќе оди на позајмица во Евертон, додека Бразилецот Савињо, кој во Сити дојде лани од Жирона, ќе настапува во дресот на Тотенхем, можеби и не како позајмен, туку ќе биде откупен. Петлите понудија 50 милиони евра за 21-годишниот Савињо, но Сити одби.
Грилиш, кој во Сити дојде во 2021 година од Астон вила за 118 милиони евра, минатата сезона беше стартер само на 28 проценти од натпреварите и цела сезона постигна само три гола во сите натпреварувања.