Еден ден откако менаџерот Пеп Гвардиола изјави дека како и да се заврши сезонава, ќе биде неуспешна за Манчестер сити, се појавија информации дека клубот планира сериозна чистка летово.
Граѓаните најверојатно ќе се разделат со тројца искусни фудбалери, Кевин Де Бројне, Илкај Гундоган (им истекуваат договорите, тие двајца летово се слободни) и Џек Грилиш (има договор до 2027 година), а во случај на добра понуда би ги продале и Едерсон, Матео Ковачиќ, Бернардо Силва и Џон Стоунс.
Од друга страна, имаат листа на желби, и средниот ред би го засилиле со двајца млади фудбалери од Бундеслигата, тоа се Флоријан Вирц од Баер Леверкузен и Хуго Ларсон од Ајнтрахт.