34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Манчестер сити ќе заработи богатство ако ја освои тројната круна

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити би можело да заработи дури 330 милиони евра како награда доколку ја освои тројната круна, односно триумфира во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. До евентуален ваков подвиг, Граѓаните ги делат седум натпревари.

Единствен англиски тим кој успеал да направи ваков подвиг е Манчестер јунајтед, и тоа во 1999 година, кога беше предводен од сер Алекс Фергусон.

Сити е лидер на табелата во Премиер лигата со еден бод повеќе и еден натпревар помалку од Арсенал и за освојување на шампионската титула би добил 189 милиони евра. До крајот на сезоната треба да одигра уште четири натпревари, и тоа против Евертон, Челзи, Брајтон и Брентфорд.

УЕФА победникот во Лигата на шампионите ќе го награди со 135 милиони евра, а Сити по првиот полуфинален дуел со Реал Мадрид има 1:1 и реваншот ќе го игра пред своите гледачи. Финалето во ЛШ ќе се игра во Истанбул идниот месец.

Наградата за победникот во ФА купот изнесува скромни 4,5 милиони евра.
Граѓаните во финалето на ФА купот ќе играат со градскиот ривал Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести