Манчестер сити конечно им се врати на победите и покажа зошто ја освојуваше титулата во Премиер лигата последните четири сезони. Избраниците на Пеп Гвардиола победија со 0-2 на гости кај Лестер и со тоа ја прекинаа негативната низа од пет натпревар без победа.
Савињо го отвори резултатот во 21-вата минута, што за него е деби гол за „граѓаните“ во 16-тиот меч. Бразилецот биеше од дистанца и успеа да го измами голманот на домашните, Столарчик.
Конечните 0-2 за Манчестер сити ги постави Ерлинг Халанд со неговиот 14-ти гол оваа сезона во Премиер лигата.
Манчестер сити со оваа победа се искачи на петтата позиција на табелата, но заостанува цели 11 бода позади Ливерпул и е далеку од одбрана на титулата која ја освојуваше последните четири години.