Манчестер сити купи Бразилец од „братската“ Жирона

Пеп Гвардиола и Манчестер сити се одлучија да го ангажираат Бразилецот Савио Мореира од екипата на Жирона како ново засилување за следната сезона. Фудбалерот кој минатата сезона воодушеви во шпанската Ла Лига со дриблинзите, но и со својот ефект, кој на крајот од сезоната беше 11 гола и 10 асистенции на 41 натпревар.

Мореира минатата сезона ја мина на позајмица од Троа, екипа која исто како и Жирона и Манчестер сити има исти сопственици, па деталите за овој трансфер не се познати.

Бразилецот во Троа пристигна пред две години од Атлетико Минеиро за 2,5 милиони евра, па беше испраќан на позајмици во ПСВ Ајдховен и Жирона. Сега само со 20 години го прави трансферот на кариерата и ќе потпише за Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести