30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Манчестер сити купи нов голман, Едерсон пред заминување од „Етихад“

Раководството на Манчестер сити постигна целосен договор за ангажман на голманот на Барнли, Џејмс Трафорд. Граѓаните се надеваа дека ќе ја намалат цената, но на крајот новиот премиерлигаш не прифати попуст, па клубот од „Етихад“ ќе мора да ја плати откупната клаузула во износ од 40 милиони фунти.

Трафорд имал личен разговор со Гвардиола и на крајот се согласил да се врати во Манчестер сити. Голманот веќе го информирал и Њукасл, од каде исто така имаше сериозен интерес, дека решил да се врати кај Граѓаните. Трафорд е дете на клубот и беше дел од академијата до 2023 година, кога беше продаден на Барнли.

Од „Етихад“ им беше итно потребно засилување на голманската позиција откако стана јасно дека актуелниот прв голман, Едерсон, повторно сака да си замине. Тој доби официјална понуда од Галатасарај, но преговорите меѓу двете страни сè уште траат.
Бразилецот беше многу блиску до заминување и минатото лето кога беше цел на клубови од Саудиска Арабија, но на крајот Пеп Гвардиола го убеди да остане уште една сезона во тимот.

- Оглас -

Најнови вести