38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Манчестер сити лесно се справи со Јапонците и сега е на чекор од уште еден трофеј кој никогаш не го освоил (Видео)

Манчестер сити ќе биде противникот на Флуминесе во финалето на Светското клупско првенство кое се игра Саудиска Арабија. Европскиот првак Манчестер сити немаше проблеми во полуфиналето и очекувано славеше над Урава редс со 3:0.

Отпорот на јапонскиот тим против Граѓаните траеше едно полувреме, кога во судиското надополнување на првиот дел, Хоибратен си постигна автогол за радост на европскиот тим.

Во првите 15 минути од второто полувреме беа решени сите дилеми. Прво, Матео Ковачиќ со погодок во 52 минута зголеми на 2:0, а потоа Бернардо Силва погоди за 3:0 и веќе беа решени сите дилеми околу победникот.

https://twitter.com/i/status/1737196480568373375

Фоналето на Светското клупско првенство меѓу бразилскио Флуминиесе и Манчестер сити ќе се игра в петок, кога е закажан и дуелот за третото место меѓу Урава и Ал Ахли од Египет.

- Оглас -

Најнови вести