21.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Манчестер сити му нуди на Халанд да биде најплатениот фудбалер во светот

Англискиот шампион Манчестер сити оваа сезона се соочува со бројни предизвици. Првенствено, тоа се однесува на тужбата за прекршување на финансиските правила, поради која клубот би можел да биде исфрлен од Премиер лигата. Дополнително, истекуваат договорите на менаџерот Пеп Гвардиола и на неколкумина од клучните играчи, меѓу кои и Ерлинг Халанд, кој влегува во последната година од својот договор.

Останувањето на Гвардиола и на Халанд во клубот се најголеми приоритети за раководството. Според англиските медиуми, извршниот директор на клубот, Феран Соријано, отпатувал во Норвешка со понуда која е тешко да се одбие.

На Хaланд му е понуден нов тригодишен договор со годишна плата од 31 милион евра, што би го направило најплатениот фудбалер во светот. Покрај тоа, новиот договор ќе вклучува откупна клаузула од 200 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести