Англискиот шампион Манчестер сити го прегази градскиот ривал Јунајтед со 6-3 во дербито на деветтото коло во Премиер лигата и ја продолжи потерата по лидерот на табелата Арсенал.
Граѓаните му одржаа лекција по фудбал на градскиот ривал, а доколку во второто полувреме не го намалеа ритамот на игра, можеа да дојдат до далеку поубедлив триумф.
Сити по 45 минути игра имаше предност од 4:0 благодарение на Фил Фоден и Ерлинг Халанд кои дадоа по два гола. Фоден ја отвори и ја затвори гол серијата во првиот дел, додека Халанд ги постигна вториот и третиот гол.
Во второто полувреме, „граѓаните“ го намалија ритамот и го спасија Манчестер јунајтед од поубедлив пораз.
Јунајтед во 56 минута намали на 4-1, по што следеа нови голови на Халанд и Фоден со кои ја заверија победата.
Норвежанецот со трите гола, стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата што на три натпревари на домашен терен остварил хет-трик.
До крајот на натпреварот „црвените ѓаволи“ успеаја да постигнат два гола Марсијал за конечни 6-3.