21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Манчестер сити му покажа на Арсенал кој е кој во Премиер лигата (Видео)

Актуелниот англиски шампион, Манчестер сити, со победата од 3-1 над Арсенал на лондонските Топчии им го одзеде првото место на табелата во Премиер лигата.

Арсенал има и еден меч помалку, може да се врати на врвот, но ќе им биде многу тешко да го симнат од тронот тимот од кого губат 11 пати по ред и на кој ќе треба да му гостуваат до крајот на сезонава.

По нерешените 1-1 по првиот дел, Џек Грилиш и Ерлинг Халанд (26-ти лигашки гол сезонава), кој даде гол со неговата послаба десна нога, му пресудија на Арсенал и го ставија Сити во добра позиција да ја одбрани титулата.

Арсенал во лигашки меч не победил против Сити уште од 2015 година. Во последните три кола освои само еден бод и ја испушти убавата предност која имаше до крајот на јануари.

- Оглас -

Најнови вести