36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер сити му поставил ултиматум на Пеп Гвардиола

Сопствениците на Манчестер сити му поставиле краен рок на Пеп Гвардиола во кој Шпанецот треба категорично да ја објави својата одлука дали ќе го напушти клубот или ќе остане на „Етихад“.


Според „Скај спортс“, ова треба да се случи пред Божиќ.

Шпанецот влезе во последната година од својот договор со клубот, а на крајот од минатата сезона 53-годишниот Гвардиола призна дека е поблиску до заминување отколку до останување.

Клубот е подготвен да му понуди нов договор на стручњакот, но доколку тоа не се случи, раководството сака да има доволно време за да најде соодветен наследник.

Во последните недели во Англија се шпекулира дека Гвардиола може да стане следниот селектор на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести