Манчестер сити му „украде“ талент на ПСЖ и тоа бесплатно!

Манчестер сити успеа да го договори трансферот на талентираниот фудбалер на ПСЖ, Мамаду Сангаре. Францускиот младински репрезентативец има само 18 години, а договорот со „светците“ му истекува налето, па сега останува само уште да ги мине медицинските тестови и официјално да биде претставен како нов фудбалер на „граѓаните“.

Сангаре нема настап за првата екипа на ПСЖ, но блескаше во младинската Лига на шампиони, каде има девет гола на 11 натпревари, па сега како слободен фудбалер одлучи да се пресели во екипата каде ќе може да учи и да напредува покрај напаѓачи од типот на Халанд и Мармуш.

- Оглас -

Најнови вести