На Манчестер сити му се заканува сериозна опасност да остане без трофеј оваа сезона, титулата во Премиер лигата е далеку, а во Лигата на шампионите, после вечерашниот пораз дома од Реал Мадрид од 2-3, би било големо изненадување ако се пласираат и во осминафиналето, камоли нешто повеќе.
Граѓаните никогаш не бележеле толку слаби резултати откако на клупата им е Хосеп Гвардиола.
Реал имаше 20 шута на гол, што е рекорд против Сити на „Етихад“ со Гвардиола како менаџер. Сити првпат од 2018 наваму дома загуби меч во ЛШ на кој водел на полувреме, а сезонава примија и 7 гола во последните 15 минути од мечевите.
Брахим Дијаз стана прв некогашен играч на Сити кој во дрес на друг клуб им дал гол во ЛШ, а и Сити првпат загуби дома од Реал. Инаку Реал е единствениот тим кој го победил Гвардиола како гостин со три различни клубови (Барселона, Баерн и Сити) кои ги водел Каталонецот.