21.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Манчестер сити најде заеднички јазик со Премиер лигата за спонзорските договори

Манчестер сити и Премиер лигата постигнаа договор околу правилата што лигата ги воведе за спонзорските и рекламните договори. Овој случај нема врска со тековните обвиненија против Граѓаните за прекршување на финансиските прописи, за кои сè уште се чека конечна одлука.

Сити поднесе тужба против правилото за „трансакции меѓу поврзани страни“, кое беше воведено во декември 2021 година, откако претходно истата година Њукасл беше купен од конзорциум поддржан од Саудиска Арабија. Целта на правилото е да се спречат клубовите да добиваат нереално високи приходи преку договори со компании во кои нивните сопственици имаат значајни удели.

Судскиот процес беше закажан за октомври, но двете страни постигнаа спогодба, Манчестер сити го признава правилото како валидно и обврзувачко.

- Оглас -

Најнови вести