3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Манчестер сити, Наполи и Монако се фаворити, италијанското дерби „мириса“ на нерешено

Новогодишното коло на Спортска прогноза нуди 13 интересни натпревари од првенствата на Англија, Шпанија, Италија и Франција. Дербито на колото ќе се игра во Манчестер каде Сити е домаќин на Челзи.

Граѓаните сакаат да останат во чекор со лидерот Арсенал, додека Челзи не е баш во некоја форма и има само една победа во последните седум кола во Премиер лигата. Затоа и прогнозерите сметаат дека голем фаворит за победа е Манчестер сити. Во триумф на домаќините веруваат 83 отсто од прогнозерите, додека едвај седум отсто очекиуваат Челзи да се радува.

Во Серија А во Италија, Аталанта е домаќин на Рома и тука речиси 50 отсто од прогнозерите веруваат дека ќе биде нерешено. Шампионот Наполи гостува на „Олимпико“ во Рим на Лацио и е фаворит за победа. За триумф на гостите се 65 отсто, додека помалку од 10 отсто мислат дека Лацио ќе ги израдува своите фанови.

Во Франција, најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Монако и Лион. Дури 65 отсто од прогнозерите насетуваат триумф на Монако, додека скромни 13 отсто се за „двојка“.

Како и во секое коло, така и сега, главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 натпревари.  За перфектна прогноза следува подарок мобилен телефон iPhone 16. Со 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести