34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер сити не можеше да ги пријави сите засилувања за Лигата на шампионите

Манчестер сити немаше можност да ги пријави сите четири засилувања за нокаут-фазата од Лигата на шампионите, па еден фудбалер мораше да отпадне од списокот.

Според правилата на УЕФА, клубовите може да регистрираат само тројца нови играчи по зимскиот преоден рок.

Сити во јануари ги доведе Абдукодир Кусанов, Нико Гонзалес, Омар Мармуш и Витор Реис. Пеп Гвардиола одлучи надвор од составот за Лигата на шампионите да остане Витор Реис, кој беше купен за 35 милиони евра.

Добра вест за Граѓаните е што Родри, кој се опоравува од повреда, би можел да се врати на терените порано од очекуваното, иако првично се предвидуваше дека сезоната за него е завршена. Тој исто така е пријавен за настап за вториот дел од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести