Манчестер сити не победи, ама затоа Нотингем Форест гази (Видео)

Манчестер сити не успеа да победи на домашен терен против Брајтон играјќи 2-2. Ова реми на Граѓаните ги става во подредена положба во трката за пласман во Лигата на шампионите. Ерлинг Халанд од пенал донесе водство за Сити во 11-тата минута, но израми Еступињан десет минути подоцна.

Омар Мармуш повторно обезбеди предност за Манчестер сити со голот во 39-та минута, но Кусанов си постигна автогол на почетокот на вториот дел за конечни 2-2.

Нотингем Форест славеше на гости кај Ипсвич со 2-4, а двоен стрелец беше Ентони Еланга.

Евертон и Вест хем ремизираа 1-1, додека Вулверхемптон оствари важен триумф од 1-2 на гости против Саутемптон.

- Оглас -

Најнови вести