13.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Манчестер сити нема да биде исфрлен од Премиер лигата, но ќе му бидат одземени до 60 бода!?

Веќе три години трае процесот против Манчестер сити за наводни нерегуларност кои се однесуваат на финасискиот ферплеј. Против Граѓаните се покренати обвиненија дури по 115 точки, но одлука сè уште нема.

Британските медиуми тврдат дека Манчестер сити нема да биде исфрлен од Премиер лигата, но му се заканува сериозно одземање на бодови, дури и ако се докаже дека само не соработувале со истражните органи.

Според праксата, на Граѓаните ќе им бидат одземени помеѓу 40 и 60 бода, што би предизвикало вистински потрес во Премиер лигата, а Манчестер сити би бил на работ на испаѓање во Чемпионшип дивизијата или би испаднал.

- Оглас -

Најнови вести