Манчестер сити нема милост и полека го откажува Ливерпул од трката за титулата

Манчестер сити убедливо со 4:0 победи на гости кај Брајтон во заостанат меч од 29-тото коло на Премиер лигата. Со овој триумф Сити стигна до 76 бода и сега е само еден бод зад лидерот Арсенал, но Граѓаните имаат уште еден меч за доигрување. Трката за титулата полека ја губи Ливерпул, кој сега е трет со 74 бода.

Кевин де Бројне за првпат откако е дојден во Премиер лигата постигна гол со глава и со тој погодок Сити поведе со 1:0. До крајот на првото полувреме Фил Фоден се разигра и постигна уште два гола за убедливи 3:0 за гостите.

Хулиан Алварас со гол во 62-рата минута само потврди зошто Сити е актуелен бранител на тронот во англиското првенство. Со овој триумф и четирите постигнати погодоци, овој тим на Сити стана само четвртиот во историјата на Премиер лигата кој успеал да постигне по четири погодоци на четири меча по ред.

Претходно тоа им успевало само на Манчестер јунајтед во 2000 година, на Сити во 2022 година и на Арсенал во март оваа година.

- Оглас -

Најнови вести