7.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Манчестер сити нуди 200 милиони евра за Педри, но Барса не сака ни да слушне за негова продажба

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити понудил неверојатни 200 милиони евра за Педри, што потенцијално би бил и најголемиот трансфер во историјата на англискиот клуб. Планот на Граѓаните е да го комплетираат својот среден ред со Педри, Родри и Нико Гонзалес како идеална замена за Бернардо Силва, кој би го напуштил „Етихад“ ова лето.

Сепак, и покрај огромната понуда и финансиските предизвици со кои се соочува Барселона, каталонскиот гигант категорично рекол „не“ за ваков трансфер. Педри се смета за незаменлив во тимот на Ханси Флик и е еден од столбовите на клубот.

Шпанскиот репрезентативец има договор со Барселона до 2030 година, со откупна клаузула од милијарда евра, а Каталонците го доведоа од Лас Палмас во 2019 година за 23 милиони евра. Неговата лојалност кон клубот е очигледна, иако понудите од Англија се и повеќе од примамливи.

- Оглас -

Најнови вести