23.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Манчестер сити, Њукасл и Тотенхем со лесни победи против третолигаши во Лига купот (Видео)

Манчестер сити, Њукасл и Тотенхем дојдоа до лесни победи против третолигаши и обезбедија пласман во осминафиналето од англискиот Лига куп.

„Граѓаните“ со 0-2 славеа на гостувањето кај Хадерсфилд со головите на Фил Фоден во 18-тата и на Савињо во 74-тата минута.

Тотенхем со 3-0 на домашен терен го совлада Донкастер, а головите за екипата од Лондон беа дело на Палиња во 14-тата, на гостинскиот фудбалер кој си постигна автогол, Мекгрет, во 17-тата минута, како и на Џонсон во 94-тата минута.

Единствениот премиерлигаш кој прими гол беше Њукасл, но сепак успеа да победи со 4-1 над Брадфорд сити. Жоелинтон во 17-тата минута го отвори резултатот, а Осула две минути подоцна зголеми на 2-0. Бразилецот Жоелинтон во 75-тата минута го зголеми водството на 3-0, а Кук во 79-тата минута го постигна почесниот погодок за гостите. Точка на победата на „страчките“ стави Осула во 87-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести