Манчестер сити официјално потврди: Постигнавме договор за доведување на Халанд

Англискиот шампион Манчестер сити и официјално потврди дека Ерлинг Халанд ќе биде нивен нов играч во следната сезона.

Засега не се познати деталите, но факт е дека Сити и Борусија Дортмунд постигнале договор за трансфер на ѕвездата на Милионерите. Сити е тимот во којшто во периодот од 2000 до 2003 година играше и неговиот татко Алфе Инге Халанд.

Ерлинг има само 21 година, а веќе прерасна во врвен фудбалер. За три години поминати во Борусија Дортмунд, во 88 меча даде 85 погодоци. Претходно играше за Ред Бул Салцбург, каде што во 27 натпревари постигна 29 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести