Манчестер сити ја забележа и петтата победа по ред, односно четврта по ред во Премиер лигата, откако со 0-3 славеше на гостувањето кај Кристал Палас. „Граѓаните“ триумфираа со двата гола на Халанд и еден на Фоден, па со 34 бода се вратија на минус два од лидерот Арсенал.
Значајна победа забележа и Астон вила, која славеше со 2-3 на гостувањето кај Вест хем, па екипата од „Вила парк“ со 33 бода е веднаш зад Арсенал и Манчестер сити.
Убедлива победа забележа и Нотингем Форест, со 3-0 над Тотенхем на домашен терен, додека Сандерленд со минимални 1-0 го совлада Њукасл.

